23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Пратениците да покажат одговорност и да ги усвојат мерките за заштита од коронавирусот

Откако по барање на опозицијата. Собранието не расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, порача дека нема време за одложување.

„Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна. Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети мерки со кои се штити здравјето на граѓаните. Со овој предлог-закон треба да се направат измени по што на сила ќе стапат мерките за носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничувањето на семејните собири“, истакна Кузеска.

Таа потсети и дека Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број патници предвидени во едно возило.

Владата ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

Овие мерки, како и претходниот пакет мерки којшто е во собраниска процедура, се донесени по зголемениот број на нови случаи на Ковид-19.