23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Повреден градежен работник во Скопје

Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен С.Ѓ.(60) од Крива Паланка за укажување на лекарска помош.

Според пријавеното, тој се здобил со тешки телесни повреди при пад додека изведувал градежни работи за фирма, на улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје. Излезено било на местото на настанот од страна на полициски службеници од СВР Скопје.