23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Рекорден број казни во Битола- Полицијата руши рекорди

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Битола, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Битола. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

До сега во три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се околу 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски. Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Битола да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Битола се изречени 90 санкции, пред се за пречекорена брзина, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Битола ќе бидат презентирани утре.