3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Словачка целосно ја поддржува европската интеграција на земјава

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше телефонски разговор со Иван Корчок, министер за надворешни и европски работи на Република Словачка. Словачкиот шеф на дипломатијата упати честитки до Османи по повод неговото стапување на новата должност.

Овој телефонски разговор е дел од систематската и интензивна дипломатска офанзива на министерот Османи, што ја спроведува во амбиент на зајакната приоритизација на процесот на проширување меѓу земјите членки, тековните дискусии за преговарачката рамка, а со цел создавање силен политички моментум за конечен исчекор во европската агенда на земјата.

„Имаме силна причина да работиме уште повеќе на спроведување на реформите и на успешна завршница на подготовките за преговорите. Нашите очекувања се до крајот на оваа година да се одржи Првата меѓувладина конференција, бидејќи станува збор за остварувања што ќе ја променат иднината на земјата“, нагласи Османи.

„Беше поздравена конзистентната позиција на Словачка за Северна Македонија, која се манифестира во секоја пригода во рамките на ЕУ и која се отсликува со безрезервна поддршка за што поскоро отпочнување на пристапните преговори.
За време на видеосредбата стана збор и за соработката на двете земји во рамките на НАТО, справувањето со пандемијата од Ковид-19, како и за други прашања од интерес за потесниот и поширокиот регион“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК