23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детали за убиството во Прилеп – тепачката почнала поради навреди кон сопругата на еден од учесниците

Одделот за криминалистички работи од Прилеп поднесе кривична пријава против шест лица на возраст од 20 до 54 години поради сомнение дека сториле кривични дела убиство и тешка телесна повреда.

На 14 октомври, околу 20.30 часот, на прилепската улица Дебарца, во близина на семејна куќа, најнапред настанала расправија меѓу лица со иницијали С. Б. и М. Л. поради навреди што вториот ги упатил кон сопругата на првиот.

По ова, се приклучиле и братот на С. Б., но и шестмина роднини на М. Л.

Притоа повреди од остар предмет му биле нанесени токму на 31-годишниот брат на С. Б., со иницијали Е. Б., кој бил пренесен во градската болница.

Потоа неговиот брат за инцидентот известил четворица роднини по што пред куќата на еден од насилниците од другиот табор настанала физичка пресметка, при што повреди на главата добил повторно еден од роднините на С. Б, кој набргу починал. МВР вчера соопшти дека смрт била констатирана кај 42-годишниот Т. Б.

По преземени мерки од полицијата, биле приведени шест лица, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.