23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец обвинет за поседување дрога и муниција

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 29-годишник за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и за кривичното дело – Неовластено држење на оружје или распрскувачки материи.

Кај обвинетиот 29-годишник, на 28. септември, во неговото живеалиште на улицата „Бранко Заревски” била пронајдена марихуана со вкупна тежина од 25,69 грама, во различни пакувања, 27 семки од канабис, како и кокаин во две најлонски пакувања со вкупна тежина од 3,77 грама.

Исто така, била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин.

Обвинетиот недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 наменети за полуавтоматски пиштол.
При претрес на адресата на која престојувал обвинетиот на улица „Париска” во Скопје, пак, биле пронајдени уште 3,31 грама марихуана.

Надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.​