Градската администрација предводена од СДСМ и од градоначалникот Петре Шилегов го оствари своето ветувањето со пуштањето во употреба на новото прифатилиште за бездомните кучиња. Приказната наречена Вардариште заврши. Овој објект зад мене е седиштето на ЈП Лајка, којшто повеќе не е дел од ЈП Комунална хигиена, кадешто ќе работат стручни лица, коишто ќе се грижат за хуманиот третман врз бездомните кучиња, рече во изјава за медиуми, Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.
– Со ЈП Лајка го решаваме деценискиот проблем на граѓаните на градот Скопје со бездомните кучиња, со што конечно ќе ставиме крај на немилите настани и на глетки поврзани со нив, на кои сме сведоци.
Капацитетот на прифатилиштето, во којшто се исполнети сите прописи и стандарди што се пропишуваат во оваа област, е околу 100 кучиња. Секој од кафезите, односно целиот објект е со подно греење, со цел на животните да им обезбедиме хуман третман и благосостојба.
На овој начин ЈП „Лајка“ ќе стане центар за вдомување на кучињата и за ред други работи коишто подразбираат еден многу повнимателен и поодговорен однос кон овие животни.
Се грижиме и инвестираме во подобри животни стандарди. Продолжуваме понатаму уште подобро и уште повеќе, додаде Јанчева.