3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Изменет сообраќаен режим во Скопје од петок до недела поради снимање филм

Во петок, сабота и недела поради снимање на филм, ќе има привремен прекин на сообраќајот на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје, информира Министерството за внатрешни работи.

На 16.10.2020 (петок) во времето од 11.00 до 14.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на ул. “Даме Груев“, а во време од 14.00 до 18.00 часот на ул.„Димитрие Чуповски“,кај автобуската постојка спроти театарот за деца и млади и во времето од 14.00 до 17.00 часот на бул. “ВМРО“ на автобуската постојка пред Пошта на Северна Македонија.

Исто така, на 17.10. (сабота) во времето од 14.00 до 17.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на бул.„ВМРО“ на истата локација и во времето од 20.00 до 23.00 часот на бул.„Партизански одреди“ (кај првата автобуска постојка од страна на хотел „Дувет“ до пред ул. „Аминта Трети“) во Скопје. И на 18/19.10. (недела/понеделник) во времето од 17.00 до 01.00 часот на ул.„Св. Кирил и Методиј“ од паркинг и автобуска постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор“ до НЛБ Банка.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК