23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Николовска: Четвртиот пакет мерки обезбедува сериозна поддршка за спас на работни места

Со ребалансот на буџетот, кој веќе е во собраниска процедура, се обезбедуваат сериозни средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата, рече Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ.

„ Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе се искористат за помош и поддршка на економијата, за спас на работни места и јакнење на приватната потрошувачка.

Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати во последните три месеци од годинава и ќе се помогнат 83.000 работни места.

27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички од по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги

Со пакетот се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, се обезбедува државна и царинска гаранција за компаниите.

Меѓу мерките од четвртиот пакет е и Викенд без ДДВ која се спроведува овој продолжен викенд а која има за цел да ја зголеми приватната потрошувачка, а истовремено да обезбеди повеќе пари кај граѓаните и нивните семејни буџети.

Се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата КОВИД 1 и дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите.

Во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, државата застанува зад секој поединец, зад секоја компанија.

СДСМ како одговорна партија, продолжува да работи, за брзо надминување на последиците од економската криза“ истакна Николовска.