23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата привела 16 годишно момче, откако ги нападнало полициските службеници

На 19.09.2020 во 10.10 часот во населба Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишник од с.Крушопек, скопско, бидејќи при преземање мерки за отстранување на „диви“ продавачи околу пазарот „Ѓорче Петров“, пријавениот одбил да се легитимира и физички ги нападнал полициските службеници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.