25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Следува намалување на судските такси за физичките лица

СДСМ ги реализира заложбите дадени пред граѓаните за намалување на трошоците и овозможува правдата да биде подостапна за граѓаните, велат од СДСМ.

„Владата предводена од СДСМ предложи измена на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за осум пати, односно од 48.000 на 6.000 денари.

Со ова им се олеснува патот до правдата на граѓаните кои се двоумеа да покренат судски постапки поради високите судски трошоци.

Правда во државата има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата.

Како одговорна партија, СДСМ останува посветен на интересите на граѓаните“, се вели во соопштението од партијата.