Во полициската станица Свети Николе на 6. септември, 29-годишник од селото Горно Црнилиште, пријавил дека околу 07.40 часот покрај чешмата во селото, неговиот сосед И.Т. со два истрели од воздушна пушка му нанел повреди на неговото куче.
На местото бил извршен увид од полициска екипа и по комплетирање на случајот против И.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.