Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Приведен полицаец во Скопје- при контрола на неговото возило одбил да даде документи и се однесувал агресивно

Рано утринава полицаец бил приведен, откако при контрола на неговото возило одбил да даде документи и се однесувал агресивно кон полициските службеници

„На 07.09.2020 околу 03 ч. на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д. (полициски службеник) затоа што при контрола на неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки одбивал да даде документи за идентификација и се однесувал агресивно кон полициските службеници“ соопштуваат од МВР.

Тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари, по што е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК