Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Нова трагедија: Загина 22 годишно момче, повредени повеќемина – Ова се деталите за трагедијата кај “Мулинци”

На 01.08.2020 во 18,15 часот било пријавено дека на локален пат од с.Железница кон с.Крилатица во Кратово, на место викано „Мулинци“ во атар на с.Крилатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со кратовски регистарски ознаки управувано од С.С.(22) од Кратово и патничко моторно возило „голф“ со кратовски регистарски ознаки управувано од М.Д.(29) од с.Талашманци,кратовско.

Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК