16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да се справи со кризата, неговите експерименти скапо чинат

Македонија поради лажната нормалност на Зоран Заев и СДСМ стана црн рекордер во регионот по смртност и заразеност од корона вирусот на милион жители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради нивната неспособност во Македонија никој веќе не знае дали сме во втор или трет бран, од проста причина што месец дена бројот на заразени секој ден е троцифрен. Последните бројки говорат дека за едно деноноќие има 137 нови случаи и 10 починати. Црните бројки ближат до 10 илјади, што е 5 пати повеќе од прогнозите на Филипче додека неговата партија на терен вршеше предизборен поткуп. Ова што се случува е катастрофа и здравствена и економска. Премногу скапо чини неодговорната власт на Заев.

Ниту граѓаните, ниту економијата нема сила да се справува со експериментите на Заев и СДСМ, бидејќи покажаа дека ниту знаат, ниту можат да се справуваат со целата криза. Секој живот и секое работно место е важно да се спаси и тоа може да се направи само ако Заев не е на власт во Македонија“, наведуваат од партијата преку соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СКОПЈЕ ОГРАБЕНА “ПРОДАВНИЦА” ЗА БРЗИ КЕШ КРЕДИТИ – Полицијата трага по лице кое поседувало огнено оружје

ДЕСК