23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Среде пандемија: Просечната плата порасна за 4.4 отсто и сега изнесува 26.390 денари

Просечната исплатена плата во мај годинава изнесува 26.390 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однос на мај лани.

Според објавените податоци највисоките плати, а кои исто така бележат и најголемо зголемување се во дејноста информации и комуникации. Исплатената просечна плата во мај во оваа дејност изнесувала 53.704 денари и забележала раст од 23,7 отсто.