Две лица се приведени во Охрид по тепачката што се случила по сообраќајна несреќа. Како што информира СВР Охрид, во 14.30 часот, по сообраќајна незгода на пресекот на булеварот Туристичка со улицата Стив Наумов во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу В. Л. (45), К. Д. (21), Ф. Д. (37), С. Д. (56) и Д. Б. (22) од Охрид.
По незгодата, Ф. Д. почнал вербална расправија со К. Д., во која подоцна се вклучиле и другите учесници. Двајцата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.