Од Здравствениот дом – Скопје информираат дека во текот на утрешниот ден (15 јули), кој е прогласен за неработен поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, дежурните ординации за здравствена заштита ќе функционираат во согласност со вообичаениот распоред за работа за недела и празници.
Во трета смена ќе работат ординациите во поликлиниките: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и на Бит-пазар.
Службата за итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.