На 13.07.2020 во 23.00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Палатица – Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33), двајцата од с.Палатица тетовско. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.