23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јанушев: Ќе изградиме европска патна и железничка инфраструктура

Се обврзуваме на реконструкција на сите државни патишта, дополнително ќе ја завршиме изградбата на експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш кои беа почнати во време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, порача генералниот секртар на оваа партија, Игор Јанушев.

„Во делот на североистокот, од Ранковце до Крива Паланка ќе изградиме исто така експресен пат што ќе значи заокружување на Коридорот 8 на делницата помеѓу Скопје и Софија. Ќе ја разгледаме можноста и за отворање на граничниот премин ‘Црна скала’ и поврзување на Македонија со Бугарија преку нов граничен премин кај Делчево“, посочи Јанушев.

Најави и отворање на граничниот премин премин Клепало – Сандански со што, како што наведе, Берово ќе добие директен линк со котлината на река Струма и автопатот Софија-Солун.

„Градежната офанзива значи и реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта, проект на кој се обврзуваме. Квалитетното железничко поврзување исто така ќе биде наш приоритет. Ќе ја завршиме пругата од Куманово до Деве Баир, но и ќе набавиме нови возови“, посочи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Македонија ќе биде земја со развиена патна и железничка инфраструктура на ниво како и останатите земји од Европа.