16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина првиот доктор во Македонија од коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил утрово објави дека денеска во ГОБ „8 Септември“, на 64 годишна возраст почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово.
„Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста“, истакна Филипче.

Тој додава дека д-р Деари кој бил само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој починал од компликации на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК