14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Се што правиме е за младите, во новиот мандат за нив ќе има 100 000 работни места

„ Душата ни се кине кога ни заминуваат младите од дома. Одат да заработат, но тешко им е. Понекогаш монотон и тежок живот. Сега, со успесите на државата, ним дома им е иднината, тука им е предизвикот, тука мораме да ги искористиме. За две години отворивме над 60 000 работни места, во новиот мандат и 100 000 ќе отвориме само да има работа и стабилност за сите. Ова се генерациите кои ќе ја направат државата европска. Затоа ве повикувам на 15 јули да одлучиме мудро и паметно. Нема тајни кај нас, се се знае. Секој граѓанин знае кој што и мисли на државата и затоа одлуката кого да изберете е лесна.“- истакна Зоран Заев од предизборната трибина на СДСМ во Крива Паланка.

Потсети дека на есен ќе се отворат поглавјата со Европската Унија и дека со тоа ќе се отвораат и инвестициските фондови, дека државата ќе има повеќе пари и перспектива, а сето тоа ќе биде добра причина младите дома да си го градат животот.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +