Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повторно летови од аеродромите во Скопје и во Охрид

Двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, од денеска се отвораат за патници, но со строго почитување на протоколите.

Заштитните маски и дезинфекција на рацете ќе бидат задолжителни, а термалните камери ќе ја проверуваат телесната температура. Сомнителните ќе бидат спроведени во просторија за изолација.

Патниците се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, а ограничено ќе биде и користењето на чекалниците.

Првиот лет од скопскиот аеродром е во Бремен, а се очекува да слета авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул. Првите летови од охридскиот аеродром ќе бидат за и од Цирих и Милано.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ 4 НЕРАБОТНИ ДЕНА – Еве кога ќе одмараме за време на празничниот месец

ДЕСК

Синоптичарите со нови најави – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.