25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев до Мицкоски: Нема да го спасите Орце Камчев од Империја, колку и пари да сте земале, секој ќе одговара

Нема да има бегање од одговорноста, ќе одговара секој што прекршил закон, без разлика колку и пари да сте земале, колку и да му должите, нема да го спасите Орче Камчев од одговорност за предметот Империја, порача претседателот Зоран Заев во телевизиското соочување со Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Заев порача дека станува јасно дека заради финансирањето на Орце Камчев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно и намерно го кочеле Законот за јавно обвинителство.

– Затоа правевте се за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, дури имаше и закани кон пратеници за да не гласаат за Законот за јавно обвинителство, закани лично од Мицкоски, но ете Законот е донесен и стапи на сила. И ќе има одговорност о секој во оваа држава, како сака нека се вика, секој ќе одговара.