16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Сончево и топло време со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До среда ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Потоа в четврток и в петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи и пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.