10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

БЕСА: Нихиу организира собири без дистанца и носење маски, ДУИ е опасност за сите граѓани

Тој што треба да одржува ред не само што не е добар пример туку претставува ризик по здравјето на граѓаните, напиша Аднан Азизи, организативен секретар на Движењето Беса, притоа споделувајќи и неколку фотографии.

„Заменик-министерот на МВР, Агим Нухиу, само за да ја исполни својата партиска агенда го загрозува здравјето на граѓаните со тоа што организира собири спротивно на препораките од здравствените институции за одржување дистанца и носење маски. Кога оној кој треба да биде пример за почитување на препораките не ја завршува својата работа, нормално е дека граѓаните нема да ги сфатат сериозно здравствените препораки за одржување на растојанието и носење на маските. ДУИ веќе претставува опасност за сите граѓани, па време е тие да одат во опозиција, да се реформират, да се прочистат од криминалот и корупцијата во нивните редови. Ова ќе биде од корист за целата држава, граѓаните и за целото општество“, напиша Азизи на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2646479698968358&id=100008190610189

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +