Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за жител на Чаир, чувал оружје без дозвола

Судот му определи 30-дневен притвор на жител на Чаир во чиј дом било пронајдено оружје кое го поседувал без дозвола.

Според информациите на МВР, вчера при извршен претрес во дом кај М.Д.(38) од Скопје, на ул.„Дижонска“, бил пронајден револвер „Црвена застава“, модел „магнум 357“.

Против М.Д. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а по дадениот исказ пред обвинител, М.Д. бил изведен пред судија на претходна постапка и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ја претставува програмата: Идризово, 2026 година!

ДЕСК

АХВ започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Климент Охридски

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.