24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев од Охрид: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги симнат маските на лажниот патриотизам

На граѓанска трибина денеска во Охрид, претседателот на СДСМ, Зоран Заев порача дека граѓаните наскоро ќе ги симнат заштитните маски за спречување на корона вирусот, но ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема да может да ги симнатмаските што постојано ги носат.

„Ќе издржиме, ќе ги фрлиме и маските но што ќе прават нашите противници со тие нивни постојани маски кои што ги носат. Маски на преродбата, маски на лажниот патриотизам, маски сега на обновата, тие не можат никогаш да ги фрлат тие маски“ порача Заев.

Заев се осврна и на вложувањата на локалната и централната власт во Охрид во последните три години и направи споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,

„Една милијарда се директната помош само кон Охрид, Проаква и колекторот. 500 милиони денари ја раздолживме општината, следни 500 милиони денари се преземањето на долгот од Проаква изградбата на колекторот, 1 милијарда шајки се тоа во Охрид за сметка на нивната ниту еден денар за 11 години за Охрид. Срамно е, не маска, сто маски треба да стави Мицкоски кога зборува кој колку шајки заковал овде во Охрид, ние се гордееме со тоа што сме го сработиле со Охрид, да не ги повторувам сите дргуи капитални зданија и проекти што ги завршивме заедно и централната и локалната власт и затоа сме денес овде исправени и среќни чекајќи поддршка и барајќи глас од охриѓани да дадат поддршка да продолжиме.“ посочи Заев.