Вчера во 12 часот било пријавено дека во Струмица, на крстосницата од ул.„Младинска “ со ул„Ристоман Попчевски“, 17-годишник од Струмица управувајќи велосипед паднал на коловозот.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.