26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за полицаец на Табановце – дозволил малолетник да влезе во земјава без тест за Ковид-19

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против лицето М.А. вработен како полицаец во полициската станица за гранична контрола – Табановце, поради злоупотреба на службената положба и овластувања.

Пријавениот на 10 овој месец во својство на полициски службеник за пасошка контрола на влез во државава, овозможил влез на малолетно лице А.С. од Кавадарци без да го заведе во електронскиот систем за контрола на патници и возила. Тој не побарал приложување на негативен PSR-тест за Kовид-19 од малолетното лице, односно не го упатил во државен карантин со што постапил спротивно на мерките согласно одлуката на Владата.

Случајот е откриен истиот ден околу 19 часот кога полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при вршење редовна контрола го запреле возилото во кое се превезувало малолетното лице утврдувајќи дека тоа нема регулиран влез во државата ниту негативен PSR-тест и не е упатено во државен карантин. Од страна на Одделот за внатрешна контрола против полицискиот службеник М.А поднесена е и иницијатива за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија при МВР.