Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за еден денар и за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денар на 59,5 денари за литар.
Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар на 61,5 денари, 51 денар и 40 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 денари и ќе изнесува 24,886 денари за килограм.