Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната нормалност на Заев за 10 дена донесе 1316 новозаразени и 36 починати

„Што е ненормално, доколу десетици починати и стотици заразени е секојдневниот биланс за кој Заев не убедува дека е нормален?Колкумина треба да се заразат и починат за Заев и СДСМ да признаат дека се неспособни и дека ова што ни се случува е катастрофа?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Зоран Заев и СДСМ наместо за здравјето и животите на граѓаните се водат само од партискиот интерес и желбата да го ублажат изборниот пораз со избори на 5-ти јули. Во последното деноноќие во Македонија има 175 нови заразени и 5 починати, а СДСМ и Заев продолжуваат да зборуваат за итни избори. За само 10 дена има 1316 нови заразени и 36 починати, а Заев и СДСМ уште калкулираат како да се спаси неговата политичка кариера. Ова е спротивно на секоја логика.

„Македонија станува балканска Ломбардија со рекорден број заразени и починати на еден милион жители. Македонија поради политикантството на Заев е земја која најлошо се справува со корона епидемијата во Европа. Заев прогласува нова лажна нормалност која граѓаните скапо ја плаќаат. Во услови кога СДСМ беше корона кластер со заболени и самоизолирани функционери тој водеше кампањи и средби со граѓани и на тој начин во опасност ги ставија стотици граѓани и семејства.

Тоа јасно покажува дека власта на Заев е неодговорна и неспособна.ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние сметаме дека сега врвен приоритет е животот и здравјето на граѓаните. Откако Македонија ќе се справи со епидемијата со корона вирус, народот ќе го порази и тригодишниот хибриден режим на Заев кој донесе криминал, корупција и сиромаштија за народот“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК