Доктор Караџорски посочи дека сегашната состојба е резултат на скратениот полициски час од страна на Кризниот штаб, на кој претседател е Османи. Тој денес на новинарско прашање одговори дека причината е непочитување на мерките.
-По однос на причините не треба да шпекулираме, за тоа треба научни студии. Сите коментари се штетни затоа што ја насочуваат темата кон етнизирање и стигматизирање на луѓето. Јас кажав дека ако нешто ни покажа колку сме исти и слични е пандемијата. Вториот бран не се случува само во одредени зони, туку насекаде во државата, каде што не се почитуваат препораките за заштита. Пример Чаир е најгусто населена општина во Европа.
Погрешен е пристапот да се насочи темата кон куртулорошка припадност на луѓето. Мојот став е дека никој не може да ги заштити нашите домови освен ние самите. Сите стратегии да се спуштат на микро таргетирање на предизвиците, вонземирен сум од новите бројки и тоа во густо населена општина што захтева поголеми мерки, за да се детектираат предизвиците. Не се согласувам дека ослободувањето од два, три часа за празникот е причина, причина е непочитување на препораките за несобирање, не носење маски и не одрживање на лична хигиена, рече Османи.