7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Вонредна седница на Владата во 15 часот и 30 минути

Владата на Република Северна Македонија денеска, со почеток во 15:30 часот, ќе одржи вонредна седница преку видео-конференциска врска со повеќе точки на дневен ред од Програмата за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната, 64-та седница ќе се разгледа и усвои записникот од 71-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10 jуни 2020 година.

На оваа седница на предлог на Министерството за економија на дневен ред, меѓудругото е и Информацијата во врска со Програмата за субвенции за кофинансирање на настани за 2020 година.

На денешната седница Владата ќе ја разгледа и Информацијата за ставање во функција на веб-страницата за електронски донации solidarnost.gov.mk, со цел да се олесни и поедностави целиот процес на донирање на финансиски средства за сите правни и физички лица кои имаат можност и волја да донираат, како и да се препознае општествено одговорното однесување и да се поттикне солидарноста, во рамки на донаторската соработка.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК