23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Цравоска: Она коешто го имавме како ниски бројки во моменти кога не тестиравме и асимптоматски случаи тоа е благодарение на тоа што навистина навремено се донесоа здравствените мерки и се стопираше ширењто на вирусот

Она коешто го имавме како ниски бројки во моменти кога не тестиравме и асимптоматски случаи тоа е благодарение на тоа што навистина навремено се донесоа здравствените мерки и се стопираше ширењто на вирусот. Ние апсолутно ги донесовме и економските мерки и тоа може да се види затоа што во период од три месеци имаме три сета на мерки од кои што првиот се имплементира е завршен, вториот исто така е во тек на имплементација и третиот веќе се искреира и се става во фунцкија и на располагање се со цел да ја поттикне економијата. Ако првите два беа да сите оние штети кои се направени се сведат на минимум третиот е веќе развоен и дава стимул и на домашната потрошувачка но и враќање на економијата и стимулирање на граѓаните да ги посетуваат домашните туристички локалитети се со цел оние кои што биле најоштетени во кризата сега да може да им вратиме и на овој начин освен што субвенциониравме плати, во дел субвенциониравме и придонеси кај оние што беа најпогодени добија бескаматни кредити кајшто имаше грејс период од шест месеци и сето тоа континуирано во комуникација и координација и со синдикатите и со стопанските комори и со организација на работодавачи се со цел да не пропуштиме нешто.“, рече Мила Царовска од СДСМ.