24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Франција им даде осум милијарди евра помош на произведувачите на автомобили

Францускиот претседател Емануел Макрон претстави историски план за помош од осум милијарди евра за произведувачите на автомобили, загрозени од последиците на пандемијата на коронавирус.

Парите би требало да послужат и за модернизација на секторот во Франција, за да земјата стане предводник во производството на електрични автомобили.

„Државата ќе даде нешто повеќе од 8 милијарди евра за тој сектор“ рекол Макрон за време на посетата на фабрика за автоделови.
Тој додал дека целта на помошта е Франција да стане прва економска земја во производството на „чисти автомобили“ во наредните пет години, со повеќе од еден милион електрични и хибридни автомобили годишно.

Макрон најавил зголемување на „еколошките субвенции“ за купување електрични возила на 7.000 евра за граѓаните и на 5.000 евра за фабрики, како и субвенции од 2.000 евра за возила на хибриден погон.

Од компанијата „Рено“ Макрон побара гаранции за иднината на вработените во двете фабрики, чија судбина е неизвесна.