23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

Културните работници ќе добијат помош од 14.500 денари

Сите културни работници во земјава ќе добијат помош од 14.500 денари за април и мај, одлучи Владата.

„Владата ја донесе Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на филмските работници за време на вонредна состојба, како и Уредба со законска сила за финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба за исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари“, соопшти Владата.