24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадинов на Алсат: Ако нема договор и ВМРО ДПМНЕ бега, Уставот и законите се јасни, 21 јуни треба да се изборите

„За СДСМ има три клучни приоритети, здравјето, економијата и демократијата. Под демократија мислам на функционални институции, парламент што ќе функционира…  Во моментов има техничка влада чија улога е да ги организира изборите. 21 јуни првиот можен рок кој може да се стигне за да се организираат фер и слободни избори. Но, даваме можност да се договориме и за евентуално друг датум, но ако ВМРО ДПМНЕ не сака избори и измислува причини само за да ги ескивира, тогаш ние ќе ги почитуваме Уставот и законите.“- изјави  портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на телевизија Алсат.

Тој ги потсети соговорниците во студио дека Мицкоски побарал мислења од релевантните фактори за да може да се оди на избори.
„Мицкоски бараше мислење од Комисијата за заразни болести и мислење од ОБСЕ и експресно ги доби. Јасни се нивните ставови, дека ова е вистински период за избори. Сите се согласуваме дека приоритет ни е здравјето на луѓето, а како што стивнува вирусот ќе се олабавуваат мерките и тогаш ќе бидеме во ситуација кога луѓето ќе патуваат и од есен да имаме нов бран на корона вирусот. Затоа сметаме дека изборите е подобро да се одржат пред да започне поголемо движење на граѓаните.“- објасни Костадинов зошто се неопходни изборите.
Портпаролот на СДСМ ја нагласи подготвеноста на СДСМ да се најде заеднички датум, но тој да биде во период кога вирусот ќе има намален интензитет.

„Ние не инсистираме на 21 јуни, но инсистираме во првиот можен рок по спласнување на вирусот. Не случајно државите во регионот, како Србија и Хрватска, имаат избори во јуни. Уште еднаш ќе кажам дека ни треба влада со одговорни одлуки, ни треба политичка влада и функционален парламент. Нагласувам дека сите релевантни институции говорат дека сега е вистинскиот период.“- заврши Костадинов