11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Се’ уште се тактизира со отворањето на угостителските објекти

Министерството за економија побара отворање на угостителските објекти, но конечната одлука за тоа кога ќе се отворат угостителските објекти ќе ја донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

На прашањето зоште прво се отворија моловите, а не угостителските објекти каде постои помала опасност од пренесување на заразата, Бектеши одговори дека Комисијата и предложила на Владата да донесе таква одлука.

-Ние сметаме дека угостителските објекти треба да бидат отворени и како министерство ги дадовме нашите сугестии кои се вметнати во протоколот за работа, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести, а ние ги почитуваме предлозите и препораките кои ги дава таа, изјави Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите

C +

Трамп ја повикува ЕУ да изврши притисок врз Путин со 100 проценти царини врз Кина и Индија

C +

На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин

C +