ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски постојано купуваат време, постојано бараат нови и нови изговори само за да избегаат од изборното соочување, тогаш кога е најпогодно за граѓаните и државата, а пред се од здравствен, економски и демократски аспект, оцени генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во денешното гостување на „Утрински брифинг“.
Мицкоски сака да ја втурне државата во нова неизвесност, во нова криза, но ние тоа нема да го дозвлиме, додаде Николовски.
„Со ова неодговорно однесување сакаат да ја носат државата во нова политичка криза. Ние тоа нема да го дозволиме. Се подготвуваме за избори 22 дена после завршувањето на вонредната состојба. Единствена можност да се одржат изборите е 22 дена после завршување на вонредната состојба, а препораките од сите институции од кои Мицкоски бараше став за да има храброст да излезе на избори, ОБСЕ, Комисијата за заразни болести, ДИК ги доби вчера и со тоа сите сите аргументи му се избиени“, оцени Николовски.
Тој смета дека единствена можност за да се за да се утврди нов датум е вонредната состојба да трае, но тоа е неодговорно и недемократски.
“Во вакви услови, без договор, мора да се следат законските услови кои се исполнети и ние според протоколите и според Законот треба да ги спроведеме изборите во првиот можен момент. Ние веќе имаме договорен датум за избори на 12 април, сме влегле во реализација, ВМРО-ДПМНЕ прифатиле да бидат дел од техничката Влада, сме поднеле листи, определен е реден број за секоја листа на избирачкото ливче и сега останува само прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде учествува во кампањата или не. Ако нема консензус, на изборите на 21 јуни на гласачкото ливче со сигурност ќе ја има листата на ВМРО-ДПМНЕ. “, додаде Николовски.