23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Роберт Патинсон во самоизолација јаде храна од конзерва

Актерот Роберт Патинсон проговори за навиките во исхраната и призна дека прилично ги намалил неговите кулинарски стандарди додека е во самоизолација, а ладните оброци „ги проголтува како диво животно“.

33-годишниот британски актер признава дека неговите практични оброци се должат на фактот што тој никогаш не готви бидејќи сите јадења му ги сервираат додека снима филмови.

Во интервју за јунското издание на списанито „Џи-кју“ (GQ) – на кое тој е на насловната страница – тој вели дека јаде директно од конзерви.

„Ставам табаско во козерва со туна и јадам од неа…тоа е можеби чудно, но јас сакам да јадам како диво животно.“

Ѕвездата на Twilight Saga („Сага на самракот“) своето слободно време во карантин го користи да се обиде и да научи да готви сè додека може да се потпре на својата микробранова печка.

„Вчера гуглав и отворив Јутјуб за да видам како се припрема паста во микробранова рерна. Постапив според упатството но мојата паста беше одвратна,“ рече актерот во разговорот со ЏиКју.

Роберт Патинсон, кој се прослави со серијалот „Самрак“, е, најверојатно, новиот Бетмен. 33-годишниот Роберт успеа да ја надмине фазата на тинејџерски идол, потоа секс симбол, и успешно ја развива актерската кариера со улогите во „Самрак“ и психолошкиот трилер „Светилникот“.