Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Донација од Турска Црвена полумесечина

Во координација и поддршка од страна на Црвената турска полумесечина, пристигна донација од заштитна опрема наменета за Црвениот крст на Република Северна Македонија. Опремата е наменета за потребите на тимовите на Црвениот крст на РСМ како и останатите институции и здравствена работници вклучени во справување со последиците од епидемијата на COVID19 а воедно и за граѓаните.

Хуманитарна помош (заштитна опрема) се состои од:

  1. Заштитни маски за еднократка употреба – 52 800 парчиња
  2. Заштитни маски FFP2 – 1 800 парчиња
  3. Заштитни ракавици – 10 000 парчиња
  4. Заштитни одела (скафандери) – 2 000 парчиња
  5. Заштитни наочари – 2000 парчиња

Амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок ја предаде медицинската помош испратена од страна на  Турската Црвена полумесечина на Генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија д-р Саит Саити.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Македонски државјанин на возраст од 20 години пронајден починат во Саранда

ДЕСК

Ужас во Македонија: Две жени полово злоставиле две дечиња од кои едното имало едвај 3 години, а другото 10 – мајката ги снимала и снимката ја пратила кај таткото

ДЕСК

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК