„Во исто време кога Заев лицитираше со датуми за избори фрлени од ракав, кажа дека здравјето на граѓаните е најважно. Лицитирањето со датуми значи лицитирање со изгубени човечки животи поради коронавирусот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев е неискрен и сака по цена на здравјето на граѓаните да има избори по секоја цена затоа што така се надева и бори за помал пораз.
„Ниту една од работите кои ги соопшти во изјавата нема правна издржаност и си ги толкува работите погрешно од аспект како што него му одговара. Со што Заев покажа дека се однесува незрело и несериозно. Единствено позитивно е што се прифати планот на Мицкоски во 4 точки со кој се гарантира заштита на здравјето на граѓаните“, се вели во реакцијата.