23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Почнаа да легнуваат парите од проектот Мојддв на сметките на илјадници македонски граѓани

Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.

Во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49,946,278 фискални сметки, направен е промет во износ 21,957,355,689 денари со вкупен ДДВ од 2,292,026,352 денари.

Вкупниот број на регистрирани корисници до 31.03.2020 година на апликацијата МојДДВ е 279,498.

Повратот за ова тримесечје изнесува 343,803,953 денари односно 5,590,000 ЕУР. За донирање на својот поврат за ова тримесечје јан-март се изјасниле 8700 граѓани.

Исплатата се врши во неколку етапи и истата ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки, и доколку има грешки во истите, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.