23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Наќе Чулев со демант за “ајфоните”: Набавката на мобилните апарати не предизвикуваат финансиски импликации врз МВР

Министерството за внатрешни работи во целост ги демантира објавите во дел од медиумите за наводно лускузирање на Министерот Чулев за набавка на телефони. Се работи за договор кој Министерството за внатрешни работи го има склучено со Македонски телеком во време на тогашниот министер Оливер Спасовски, а кој произлегува од правилникот за користење на службени мобилни телефони и на службени претплатнички идентфикациони модули во Министерството за внатрешни работи кој исто така е потпишан од страна на тогашниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски според кој конкретната тарифа, предвидена во правилникот во износ од 2740 денари претплата за позицијата „Министер за внатрешни работи“ дозволува набавка без надомест и задолжување на конкретните апарати.

Согласно сметководствената евиденција Министерството за внатрешни работи нема евидентирано било какви расходи за конкретните телефони и во таа насока уште еднаш потенцираме дека договорите за набавка на мобилните апарати не предизвикуваат фискални импликации за Министерството за внатрешни работи. Дополнително, врз основа на истиот договор сите вработените, вклучувајќи го раководството во Министерството за внатрешни работи кои користат службен број користат и мобилен апарат без никаков надоместок.

Апелираме до медиуми во иднина да го почитуваат етичкиот кодекс при објавување на вакви сензитивни информации, се вели во демантот на министерот Наќе Чулев, испратен до Centar.mk.