24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Од понеделник се отвараат кафичите и рестораните, се крати и полицискиот час – животот се враќа во нормала

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложила продолжување на полицискиот час уште две недели.

Од понеделник, 18-ти мај кафе баровите и рестораните ќе може да почнат со работа, но само на летните тераси, како и што објави неодамна Centar.mk.

Кафетериите ќе работат со скратено работно време и тоа 9 или 10 часот, па се до 18. Кафе ќе се служи во чаши за еднократна употреба, а масите ќе мора да бидат оддалечени. На иста маса ќе може да седат до 4 лица, согласно димензиите, и нема потреба да бидат од исто семејство.

Полицискиот час засега останува на сила до 19 часот, но најавено е негово скратување или целосно укинување во следните 14 дена.

Полека животот ќе се враќа во нормала, но граѓаните ќе мора да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, а тоа е оддржување на физичка дистанца и носење на заштитни маски.

И додека животот се враќа во нормала, нормално тече исплатата на финансиска поддршка за загрозените бизниси кои побараа помош од државата. Сите бизниси кои аплицираа и имаат одобрени барања ќе добијат по 14.500 денари за секој вработен за месеците април и мај.

Владата подготвува и трет пакет со мерки, преку кој според сознанија на Centar.mk, директно ќе вбризга 65-70 милиони евра кон социјалнозагрозените граѓани, студентите и невработените. Со ова се очекува да се стимулира директната потрошувачка на граѓаните и да се внесат свежи пари во прометот на стоки и услуги во земјава.