Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:
Убавото време денеска искористено за силна пролетна офанзива низ многу општини ширум државата.
Капацитетите на општините целосно ставени во функција на потребите на граѓаните и во функција на уредување и подобрување на локалните средини.
Голема поддршка за сите локални власти кои и во време на пандемија остануваат силно посветени на одржување на јавната чистота, сервисирање на граѓаните, подобрување на инфраструктурата и уредување на јавното зеленило. Тоа се најважните работи за подобар живот во секоја општина, за заштита на животната средина и за јавното здравје.
Особено важно е што при овие активности целосно се почитуваат препораките и задолженијата за носење заштитна опрема и одржување на пропишаната дистанца.
Да продолжиме да ги следиме препораките и задолженијата, но и да ги чуваме чистотата и зеленилото во нашите населби, во нашите општини.