Никој пред 2 месеци не очекувал дека ќе се случи ова. Пред се имаме драстичен пад на потрошувачката и исто така имавме и еден период кога не се намалуваше ни производството и поради тоа и настана еден голем дисбаланс на пазарот со нафта во целиот свет.- -изјави во „Топ тема“ на ТВ Телма, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
По постигнатиот договор во рамките на ОПЕГ во Русија од 1 мај очекуваме да се намали производството на нафта. Но, и кога би се намалило ,тоа нема да се намали доволно колку што е намалена потрошувачката. Така што и во наредниот период не очекуваме драматични промени на цената на нафтата.
Во наредниве два до три месеци не очекуваме драматично зголемување на цената на нафтата на светските берзи.-посочи Бислимовски.