24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски во разговор со Пленковиќ: Самитот за Западен Балкан треба да се одржи до крајотна хрватското претседателство

Премиерот Оливер Спасовски вчера оствари телефонски разговор со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој овие денови разговара со сите учесници на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Загреб, што требаше да се одржи на 7 мај.

Како што информираат од владината прес-служба, двајцата премиери разговарале за ситуацијата во двете држави во врска со справувањето со пандемијата на вирусот Ковид-19.

„Беа разменети информации и искуства за справувањето со здравствената криза и со економските последици од неа. Премиерите искажаа подготвеност за меѓусебна поддршка за спроведување на досегашните мерки и потенцираа дека само со заеднички напори, меѓусебна помош и европска солидарност на дело може да ги надминат актуелните предизвици“, се наведува во владиното соопштение за разговорот.

Спасовски во телефонскиот разговор истакнал дека апсолутно е за поддршка на пораката дека Самитот во Загреб ќе се одржи до крајот на хрватското претседателство, како силна порака дека Западен Балкан останува приоритет за ЕУ, и покрај тешките денови за регионот, за Европа и за светот.