9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Тутонопроизводителите денеска од 16 до 23 часот можат да ги подигнат парите за субвенциите од банкомат

Ги известуваме тутунопроизводителите, дека денеска од 16 до 23 часот можат да ги подигнат парите за субвенциите од банкомат. Движењето за вас, во тој период ќе биде дозволено за да ја остварите таквата потреба, со списоци од Министерството за внатрешни работи, информираше министерот за земјоделие Трајан Димковски и порача:

📍Максималниот износ на средства коишто ќе можете да го подигнете преку банкомат во текот на 24 часа е еднаков на дневниот лимит за подигнување готовина од вашата дебитна картичка, којшто веќе е договорно утврден со банката чии услуги ги користите.
📍Ве замолуваме, заради заштита на здравјето, при посета на банкомат да се придржувате до препораките за самозаштита, односно да сте на соодветно растојание додека чекате ред.

Оние тутунопроизводители кои имаат потреба од подигнување готовина или од други причини не можат тоа да го сторат на банкомат и треба да ги подигнат субвенциите од шалтерите на банките, тоа ќе можате да го сторат во банките од утре (вторник) согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето на тутунопроизводителот и тоа според следниот распоред:

📍21 април (вторник) презимиња кои започнуваат на А, Б, В, Г, Д;
📍22 април (среда) презимиња кои започнуваат на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К;
📍23 април (четврток) презимиња кои започнуваат на Л, Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;
📍24 април (петок) презимиња кои започнуваат на С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК

Халкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење

ДЕСК

Влатко Сулев: Денес повеќе од било кога ни е потребна туристичка промоција!

ДЕСК